Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од шестото коло во Лигата на Европа.
Исмаил Металари и Ненад Николовски добија ново делегирање од ЕХФ и ќе патуваат во Шпанија.
Тие ќе го судат натпреварот меѓу Бидасоа Ирун и шведскиот Иштад, кој ќе реши за првото место во групата, откако двете екипи обезбедија место во главната рунда.
Овој дуел е закажан за 26 ноември во 20:45 часот, а во вториот натпревар од оваа група ќе се сретнат романската Констанца и полскиот Хробри Глогов.
На овој меч што ќе се игра на 26 ноември од 18:45 часот, делегат ќе биде Македонецот Марјан Начевски.