Металари и Николовски со голем меѓународен предизвик

Судиската двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе има голем меѓународен предизвик во кариерата.

Тие добија делегирање од Светската ракометна федерација и ќе судат натпревари од шампионатот на клубови од земјите од Персискиот Залив.

Овој шампионат на кој ќе играат осум клуба од четири држави, ќе се игра во Доха, Катар, од 25 февруари до 5 март.

Во групата А ќе бидат Ал Кувајт (Кувајт), Млеха (ОАЕ), Ал Шабаб (Бахреин) и Ал Рајан (Катар), додека во групата Б се Ал Даир (Бахреин), Бурган (Кувајт), Оман (Оман) и Ал Араби (Катар).

Ова ќе биде уште една шанса за Металари и Николовски да ги покажат своите квалитети на меѓународна сцена.