Металари и Николовски на дерби во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите кај дамите.

Судиската двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски ја добија првата европска задача во новата сезона.

Тие ќе го судат натпреварот меѓу унгарскиот Ференцварош и данскиот Оденсе, дерби на првото коло во групата Б.

Овој натпревар е закажан за 6 септември со почеток во 16:00 часот во Ерд, а делегат ќе биде Словенката Ања Фрешер.