Светската ракометна федерација ги објави делегирањата за официјалните лица на натпреварите од претпоследниот ден на кадетскиот Мундијал во Египет.
Двојката Исмаил Металари и Ненад Николовски се делегирани на јужноамериканското дерби на СП.
Станува збор за средбата меѓу големите ривали Аргентина и Бразил, кои разигруваат за пласман, откако не се пласираа во главната рунда.
Овој натпревар ќе се игра денеска во салата „Хасан Мустафа“ во Каиро со почеток во 17:15 часот.