Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло во Лигата на шампионите кај дамите.
Исмаил Металари и Ненад Николовски се делегирани од европската куќа на ракометот за скандинавски двобој.
Tие ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу данскиот тим Есбјерг и норвешкиот тим Сторхамар, а делегат ќе биде Финецот Уд.
Натпреварот меѓу Есбјерг и Сторхамар е закажан за 28 септември со почеток во 16:00 часот во „Блу Ватер Докен“ во Есбјерг.