Металари и Николовски ќе му судат на европскиот шампион!

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за 11 рунда од Лигата на шампионите во женска конкуренција.

Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе го судат дербито на колото што ќе се игра во Данска и на кое ќе игра европскиот шампион.

Металари и Николовски се делегирани за дуелот меѓу данскиот Есбјерг и норвешкиот Вајперс Кристијансанд.

Овој дуел е на програмата на 21 јануари во Есбјерг со почеток во 16:00 часот, а делегат ќе биде Аријана Војиќ од Босна и Херцеговина.