Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 4 коло во Лигата на Европа.
Судиската двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски доби нова задача од европската куќа на ракометот и ќе патува во Шпанија.
Металари и Николовски ќе бидат задолжени за арбитражата на мечот меѓу шпанската Бидасоа Ирун и францускиот Сен Рафаел.
Натпреварот меѓу Бидасоа Ирун и Сен Рафаел, на кој делегат ќе биде Португалецот Гулао е закажан за 18 ноември од 20:45 часот.
























