Мешков Брест со втор трофеј по ред во СЕХА

Ракометарите на Мешков Брест го освоија трофејот во „Дивизијата Исток“ од регионалната СЕХА лига вторпат по ред.

Избраниците на Едуард Кокшаров во интересен натпревар го совладаа составот на Чеховски Медведи со 32-30.

Најдобар стрелец во победничкиот состав беше Валентин Куран, кој даде осум гола од осум обиди и беше прогласен за МВП на Ф4 турнирот.

По пет гола за Мешков Брест дадоа Невен Стјепановиќ, Александар Шкурински и Едуард Јарош, а голманот Денис Заболотин имаше седум одбрани.

Во тимот на Чеховски Медведи, расположен за игра беше Виктор Фурцев со седум гола од седум обиди.

Третото место на завршниот турнир го освои составот на СКА Минск, кој го победи Виктор Ставропол со 37-30.

Иако беше планирано и сезонава, сепак поради веќе познатите причини не се одиграа, барем засега, натпревари од „Дивизија Југ“, а со тоа и немаше натпревари меѓу екипи од двете дивизии.