Мешков Брест се раздели со квинтет ракометари

Белорускиот вицепрвак Мешков Брест, кој сезонава потфрли во домашното првенство и ја загуби титулата од СКА Минска, се раздели со петмина ракометари.

Од Брест заминаа голманот Андреј Чмељ, кој оди во Кронон, потоа пивотот Михаил Жила, средниот бек Александар Подшивалов кој оди во СКА Минск, како и уште два бека.

Станува збор за некогашниот член на Металург, а несуден на Вардар – Божо Анѓелиќ и австрискиот десен бек Борис Живковиќ.

Во финалната серија, Мешков Брест предводен од Едуард Кокшаров, екс стратегот на Вардар, загуби со 3-2 и мораше по долго време да му честита на големиот ривал.