Олимписката шампионка и една од најдобрите ракометарки на својата генерација, Нура Мерк, се врати на терените само неколку месеци по породувањето.
34-годишната Мерк, десен бек на норвешката репрезентација и на данскиот тим Есбјерг, настапи на пријателскиот натпревар против германскиот тим Бломберг, кој нејзината екипа го доби со убедливи 33:24.
На видеото кое клубот го објави на социјалните мрежи, може да се види како Мерк сигурно реализира пенал и потоа подели неколку асистенции до колешките од тимот.
Мерк стана мајка на 7 мај годинава, кога ја роди ќерката Тура, а сега покажа дека е подготвена да се врати во ритам на највисоко ниво, со оглед дека и сезоната во Лигата на шампиони е на прагот.