Ракометарките на Спартак пред својата публика триумфираа над Стружанка со 32:30 и првиот дел од натпреварувачката сезона 2023/24 го завршија со пет победи.
Спартак со денешната победа дојде до 15 бода, се израмни со Скопје на табелата и заостанува само на бод од Пелистер и Деспина, кои свое конто имаат по 16 бода.
Сите четири екипи заедно со Стружанка на пролет ќе се борат за 6. позиција на табелата, позиција на која моментално се позиционирани стружанки.
Ова можеби покажува дека Спртак може и повеќе отколку што покажа во есенската полусезона.
Избраничките на Велимир Мицевски доминираа во текот на целиот натпревар, расположени за игра беа Мемов и Велигденова, двете ракометарки заедно постигнаа вкупно 18 погодоци.
Домашниот тим на пауза имаше предност од 17:11 и овие плус шест се покажаа како клучни за освоената победа, бидејќи во вториот дел Стружанка на моменти се закануваше, беше на чекор до израмнување, но не успеа да освои барем бод.
Најефикасни во победничката екипа беа Мила Мемов со десет и Јана Велигденова со осум погодоци.
Во таборот на Стружанка се истакнаа Мендувие Далипоска со осум и Маја Раткушиноска со седум реализации.