Фондацијата „Марко Божиновски“ го најави четвртото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, кој се игра во чест на прерано починатиот млад репрезентативец на Македонија.
За разликата од досегашните изданија, на ова ќе играат репрезентативни состави, кои ќе се подготвуваат за своите континентални првенства.
Покрај кадетите на Македонија, кои летово ги очекува настап на Европскиот олимписки фестивал, организаторот ја најави и селекцијата на Катар, а допрва ќе бидат потврдени останатите четири учесници.
Четвртото издание на меморијалниот турнир во чест на младиот ракометар, ќе се одржи од 13 до 15 јуни на теренот на СЦ „Марко Божиновски“.