Од утре до недела во СЦ „Тими“ во Струга, ќе се одржи новото издание на меморијалниот турнир „Тоше Проески“.
Во организација на Здружението на ракометни ветерани на Македонија најдобрите екипи од регионот ќе бидат дел од овој турнир, а гледачите ќе имаат можност да уживаат во интересни пресметки на најдобрите ветерани и ветеранки од регионот.
Ќе учествуваат по осум екипи во двете конкуренции поделени во две групи, а по натпреварите по групи, ќе се играат полуфиналните и финалните натпревари. Натпреварите ќе траат 15 минути, а исклучувањата ќе бидат на по една минута.
Во Струга ќе играат повеќе од 180 ракометари и ракометарки од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Грција и Романија. Женското финале е од 15:20 часот в сабота, а машкото од 16:00 часот истиот ден.
Мажи
група А: Верија, Прилеп, Суботица, Сараево
група Б: БАСК, Тузла, Темишвар, Горажде
Жени
група А: ПИН, Гевгелија, Нови Сад, Куманово
група Б: Струга, Шабац, Темишвар, Фрајле
Распоред на натпревари:
петок, 3 октомври, почеток 11:00 часот
11:00, Суботица – Прилеп (м)
11:20, БАСК – Тузла (м)
11:40, Фрајле – Темишвар (ж)
12:00, Струга – Шабац (ж)
12:20, ПИН – Нови Сад (ж)
12:40, Горажде – Темишвар (м)
13:00, ПИН – Гевгелија (ж)
13:20, Сараево – Прилеп (м)
13:40, Куманово – Нови Сад (ж)
14:00, Фрајле – Шабац (ж)
14:20, Темишвар – Тузла (м)
14:40, Суботица – Сараево (м)
15:00, свечено отворање
15:40, Струга – Темишвар (ж)
16:00, БАСК – Горажде (м)
16:20, Верија – Прилеп (м)
16:40, Куманово – Гевгелија (ж)
сабота, 4 октомври, почеток 11:00 часот
11:00, Верија – Сараево (м)
11:20, Фрајле – Струга (ж)
11:40, Темишвар – Шабац (ж)
12:00, БАСК – Темишвар (м)
12:20, ПИН – Куманово (ж)
12:40, Нови Сад – Гевгелија (ж)
13:00, Тузла – Горажде (м)
13:20, Верија – Суботица (м)
13:40, полуфинале А1 – Б2 (ж)
14:00, полуфинале Б1 – А2 (ж)
14:20, полуфинале А1 – Б2 (м)
14:40, полуфинале Б1 – А2 (м)
15:00, за трето место (ж)
15:20, финале (ж)
15:40, за трето место (м)
16:00 финале (м)