Францускиот репрезентативец и ракометар на Барселона, Дика Мем, ќе мора да паузира најмалку еден месец поради повреда.
Како што соопшти каталонскиот клуб, десниот бек се повредил во полуфиналето од Купот на Шпанија против Бидасоа, во кое Барселона славеше со 37-31.
Од „Блауграна“ потврдија дека Мем има повреда на задната ложа на десната нога, а периодот на опоравување се проценува на четири до шест недели.
Ова значи дека Барселона ќе биде лишена од услугите на еден од своите клучни играчи во важен дел од сезоната и нема да игра во натпреварите против ПИК Сегед, Магдебург, Загреб и Еурофарм Пелистер, кој е закажан за 11 март.







