Мем има на маса понуди од Берлин и ПСЖ – каде ќе заврши?

Генералниот директор на Фуксе Берлин во интервју за германските медиуми потврди дека Дика Мем има две понуди на маса.

Францускиот репрезентативец ќе бира меѓу трансфер во Германија кај „лисиците“ или враќање во татковината и потпис за „светците“ од ПСЖ.

„Играч од светска класа мора еднаш да заигра во најдобрата светска лига, инаку не може да се смета за играч од светска класа. Мем e универзален ракометар, игра и во одбрана и во напад. Тој може да ни донесе титула во Лигата на шампионите. Ако дојде кај нас, нема да се грижиме за ништо друго и нема да ни требаат други ракометари. Веќе му го пративме договорот спремен за потпис. Тој треба да одбере меѓу нас и ПСЖ. Моето внатрешно чувство ми говори дека ќе дојде кај нас“, изјави Ханинг.

Договорот меѓу Дика Мем и Барселона завршува летото 2027 и нема да биде продолжен, иако каталонскиот гигант сакаше да го задржи својот најдобар играч.