Мелсунген со лош старт – два порази во два бундеслигашки натпревари

Еден од тимовите што минатата сезона беше на чекор до титулата во Бундес лигата и долго време во конкуренција за првото место, Мелсунген, оваа сезона ја започна лошо.

Избраниците на Роберто Парондо загубија два пати во двата меча на стартот од најсилното првенство во светот.

Во првото коло, Мелсунген, кој има големи проблеми со повредени ракометари, загуби на домашен терен од Рајн Некар Левен со 29-27.

Во втората рунда, тимот на Парондо беше поразен на гостувањето кај Гумерсбах со 29-28, откако и на паузата имаше негатива од 13-10.

Во третото коло Мелсунген ќе гостува кај Ајзенах и ќе има шанса да ги освои првите бодови.