Два дена по гостинската победа над Порто, ракометарите на Мелсунген славеа и над Штутгарт во натпревар од Бундес лигата, 36-27.
Тренерот Роберто Гарсија Парондо правилно ја распореди минутажата кај сите ракометари и скоро сите се запишаа во листата на стрелци.
Најдобар со седум погодоци беше Ендерлејт, додека Дармул и Кастенинг имаа по шест гола во мрежата на Штутгарт.
Погодуваа и Мораеш, Сипос, Калваканти, Баленсијага, Баруфет…
Ова беше победничко загревање за Мелсунген пред дуелот со Вардар во вторник во Лигата на Европа од 18:45 часот. Македонскиот тим последниот тест пред патувањето во Германија ќе го има во Прилеп в сабота.