Екипата на Мелсунген, која е предводена од екс тренерот на Вардар, Робрето Гарсија Парондо, најде замена за повредниот Давид Мандиќ.
Станува збор за младиот Марти Солер, кој од претходната сезона беше на позајмица од Барселона во Логроњо.
За 21-годишниот ракометар трансферот во најквалитетната лига на светот ќе биде првото интернационално искуство.
Шпанецот и раководството на Мелсунген се договорија на соработка до крајот на тековната сезона.
Како што е познато, искусниот Мандиќ за време на Светското првенство 2025 заработи скршеница на прстот на раката и мораше да оди на операција.
Мелсунген моментално е лидер во Бундес лигата, на 17 одиграни натпревари оствари 15 победи и на свое конто има 30 бодови, четири повеќе од Фуксе Берлин, Кил и Хановер.