Мелсунген и Порто се последните патници во четвртфиналето од ЛЕ

Екипите на Мелсунген и Порто се последните патници во четвртфиналето во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на Европа.

Мелсунген на реванш средбата против Гумерзбах славеше со 29:25 и си обезбеди пласман во ТОП 8. Гумерзбах на првиот натпревар триумфираше со 29:26.

Лидер во победничката екипа беше искусниот Тимо Кастенинг, кој натпреварот го заврши со седум погодоци од осум обиди.

Во поразениот табор се истакнаа Милош Вујовиќ и Оле Преглер, двајцата постигнаа по пет погодоци.

Иако Тулуз триумфираше над Порто со 30:28, сепак, португалскиот тим продолжува во четвртфиналето, бидејќи беше подобар на првото соочување со 35:28.

Лига на Европа, четвртфинале, парови:
Порто – Монпелје
Лимож – Кил
ГОГ – Фленсбург
Бидасоа – Мелсунген