Машката младинска репрезентација на Македонија ќе го одигра последниот натпревар во Катовице и за двата меча за пласман на СП ќе се пресели во Келце.
Избраниците на Раде Стојановиќ од 14:00 часот во „Арена Катовице“ ќе се соочат со селекцијата на Мексико, која исто како и Македонија има два порази.
Со победа, Македонија ќе биде трета во групата и ќе вкрсти со Бразил во битката за пласман од 25 до 28 место.
Претходно во групната фаза нашите момци загубија од Фарски Острови, Романија и Исланд, а во разигрувањето и од Мароко.
СП младинци, главна рунда, распоред, 2 коло:
група 1
11:45 Норвешка – Австрија
14:00 Словенија – Унгарија
група 2
16:15 Шведска – Португалија
18:30 Јапонија – Хрватска
група 3
16:15 Данска – Фарски Острови
18:30 Франција – Романија
група 4
18:45 Швајцарија – Шпанија
21:00 Германија – Египет
СП младинци, Президент Куп, распоред, 2 коло:
група 1
16:15 Уругвај – Бразил
18:30 Полска – Аргентина
група 2
11:45 Кореја – Алжир
14:00 САД – Канада
група 3
11:45 Мароко – Исланд
14:00 Мексико – Македонија
група 4
11:45 Србија – Бахреин
14:00 Тунис – Саудиска Арабија