Селекцијата на Романија ќе биде еден од ривалите на Македонија на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Избраниците на Георге Буричеа одиграа пријателски натпревар против Италија и загубија минимално со 35-34, а ги очекуваат уште два со Унгарија пред ЕП.
Селекторот Буричеа вели дека мечот со Македонија ќе биде битка на „живот или смрт“.
„Тоа ќе биде нашето финале во групната фаза. Македонија е репрезентација на наше ниво, но со поголемо меѓународно искуство, бидејќи играат во континуитет на големите натпреварувања. Што се однесува до вредноста, тие не се подобри од нас. Одигравме два пријателски натпревари со нив во Браила, успеавме да победиме. Ќе биде борба на живот и смрт, бидејќи таа победа ќе ни даде шанса да играме директно во последниот бараж за СП 2027“, изјави Буричеа за „We love sport“.
Мечот меѓу Романија и Македонија се игра на 20 јануари од 18:00 часот.


























