Исмаил Металари и Ненад Николовски добија нова задача во групната фаза од женската Лига на шампионите.
Европската ракометна федерација ги делегира Металари и Николовски за „мечот на неделата“, односно дербито на четвртата рунда.
Станува збор за натпреварот меѓу унгарскиот Ференцварош и романскиот Рапид Букурешт, што ќе се игра во Ерд.
Овој дуел на кој делегат ќе биде Словенката Фрешер се игра денеска во „Ерд Арена“ со почеток во 18:00 часот.