„Витамините“ од Автокоманда прославија триумф на гостувањето во Ресен кај Преспа со 33-21 во натпреварот од 19 коло во прволигашката конкуренција.
Гостинските ракометари по првото полувреме водеа со 15-9, а второто беше само формално одработување на задачата.
Јулијан Матески со седум и Бобан Поповски со шест гола беа лидерите на победничкиот тим, додека кај Преспа, Христијан Ристевски стрелаше седум пати.
„Витамините“ собраа 34 бодови од 18 меча, Младост Богданци е втор со 32 но има и два натпревари помалку.

























