Македонскиот пивотмен Матеј Тричковски по една сезона во Португалија, реши да остане професионалец само ја смени земјата. Во индина негов клуб ќе биде екипата на Елче од Шпанија каде тој ќе настапува и ќе треба да се вклопи во целите на клубот да се избори за место во АСОБАЛ лигата.
Екипата на Елче настапува во Третата шпанска лига со амбиции да се искачи ранг повисоко и да се приближи до резултатите на женската екипа, која е многу попозната во европски рамки.
Третата шпанска лига е поделена на шест региони, и најдобрите влегуваат во втората лига. Првентвото им почнува во втората седмица на септември со гостување кај Сан Хуан.
Клубот објави дека со ангажирањето на Тричковски донесе засилување кое ќе им биде од голема корист во одбрана и во напад. Тричкоски од Скопје замина за Словенија каде студираше и играше во Копер, по што замина за Португалија.
Елче е познат по ракометот, но повеќе по женскиот бидејќи клубот секоја сезона е дел од европските купови. Во сезоната 2023/2024 гоосвоја и Европскиот куп, а лани настапуваа во групната фаза од Лигата на Европа.