Машката и женската репрезентација избрани за најдобри селекции за 2024

Вечерва во Македонската опера и балет се одржува изборот за Спортист на годината по јубилеен 70. пат.

Во категориите најдобри репрезентации во женска и машка категорија беа избрани ракометните репрезентации.

Машката репрезентација предводена од Кирил Лазаров во 2024 учествуваше на ЕП во Германија и во групната фаза забележа една победа, а во баражот за пласман на Мундијалот 2025 успеа да ги елиминира Фарски Острови.

Женската репрезентација, која на Европското првенство 2024 освои бод после 16 години, го доби признанието за најдобра репрезентација за 2024 година. Дамите пласманот на континенталниот собир го обезбедија преку квалификации, со четири победи.

На церемонијата специјално признание доби нашата најдобра судиска двојка –  Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

 

Лазаров е најуспешен тренер за 2024

 

Министерството за спорт со посебно признание за Николов и Начевски