Македонскиот голман Мартин Томовски имаше уште една одлична партија за својот тим Битигхајм, кој како домаќин со 36-23 го победи Есен во 8. коло на 2. Бундес лига.
Томовски забележа 11 одбрани и имаше процент на успешност од 32 отсто. Немаш проблеми Битигхајм да стигне до бодовите, и останува единствен тим кој по кола нема загубено натпревар. На табелата Битигхајм води со 14 бода, и има два повеќе од Десау.
Томовски е прв на листата на голмани со вкупно 99 одбранети топки, и процент на успешност од 35 отсто, и има 20 одбранети топки повеќе од другите голмани во лигата.
Во следното коло Битигхајм гостува кај Хутенберг кој моментно е на 4 место на табелата, и тоа би било дерби на колото.