Мартин Томовски има нов клуб!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски и во следната сезона ќе брани во Германија.

Тој потпиша договор на две сезони со клубот Битигхајм, кој испадна од елитната конкуренција и ќе игра во Втората Бундес лига.

Tомовски бранеше за Металург и Вардар, а на интернационална сцена беше дел од Лудвигсхафен и Потсдам, каде што имаше блескави партии особено во вториот дел од сезоната.

Битигхајм е предводен од шпанскиот стратег Икер Ромеро, a ангажманот на Томовски е прв чекор кон камбекот во најсилната конкуренција за сезоната 2026/27.