Селекторот на женската репрезентација на Шпанија, Амброш Мартин, го објави скратениот список од 14 ракометари пред стартот на Олимписките игри во Париз.
Meѓу резервите ќе бидат голманката Дарли Зогби, средниот бек Кармен Кампос и левото крило Соледад Лопез.
Шпанскиот состав ќе биде комбинација од младост и искуство, тука се Гонзалез, Барбоса, Фернандез, Кастеланос, но и Касама, Чапчет, Аркос…
Шпанија ќе биде во групaта Б со Унгарија, Холандија, Франција, Бразил и Ангола, а по триумфот над Ангола, ќе одигра и контролен натпревар со Кореја.