Мартин Бучуковски верен на Македонија Ѓорче Петров

Македонија Ѓорче Петров влегува во новата сезона од Првата лига со јасни амбиции — борба за враќање во елитното друштво.

Тимот задржува стабилна основа, бидејќи најголемиот дел од играчкиот кадар останува непроменет. Тоа е значајна предност во однос на континуитетот и тимската хемија.

Меѓу оние што и наредната сезона ќе бидат дел од „дробилицата“ е Мартин Бучуковски, еден од најдобрите стрелци минатата сезона.

Македонија Ѓорче Петров претходно ги договори и првите засилувања – средниот бек Бобан Петров од Борец ФЛ и десниот бек Дарко Рангелов од Скопје.

Сезоната започнува на 13/14 септември, а првиот предизвик за Македонија ЃП ќе биде дуелот против „витамините“ од Автокоманда.