Репрезентацијата на Србија уште во прелиминарната групна фаза го заврши својот настап на ЕП во Германија. Популарните „орлови“ предводени од шпанецот Тони Џерона на клупата, со голем ентузијазам допатуваа во Германија , надевајќи се дека по една деценија ќе го вратат српскиот ракомет на високо место.
Но реалноста беше сосема различна. Србија одигра реми со Исланд во првото коло, резултат кој не беше воопшто лош, но ако се знае дека победата беше изгубена во последната секунда влијаеше многу во понатамошниот дел од првенството. Следуваше минимален пораз од Унгарија, и за крај пораз и од соседот Црна Гора.
Тоа посебно лошо влијаеше на еден од најдобрите интернационалци во српската репрезентација, ракометарот на Фуксе Берлин, Мијајло Марсениќ. После поразот од Црна Гора, Марсениќ разочарано изјави дека можеби е време да стави крај на репрезентативната кариера, за после да ја промени изјавата во тоа дека му е потребна мала пауза и одмор од репрезентативните обврски.
Поранешниот ракометар на Вардар смета дека ова не беше ни дел од тоа што Србија можеше да понуди на ЕП, навечер му се враќаат натпреварите од Минхен, и постојано се прашува каде погрешија тој и неговите соиграчи.
Жал ми е за начинот на кој ги изгубивме натпреварите, односно поради лошиот финиш на секој од нив. На пример да губевме по седум-осум разлика како Романија или Босна и Херцеговина, да не растурија, али вака.. Се беше тука негде на една две топки. Поради тоа и повеќе боли. Преку ден тука се семејството, пријателите, забораваш на Минхен, но навечер ми се враќаат натпреварите од групата, размислувам каде грешевме, што требаше да направиме. Бар да успеевме да стигнеме до главната рунда, да се боревме за уште некој бод, а вака го гледавме на ТВ другиот дел од ЕП. Не е лесно, сите сме разочарани.- изјави Марсениќ за „Моцарт Спорт“.