Селекцијата на Србија го заврши настапот на Европското првенство во Германија без ниту една победа, односно со само еден бод освоен против Исланд.
Избраниците на Тони Херона, кој наскоро ќе стане поранешен селектор, на конечниот пласман беа зад Македонија, на 19 позиција.
Кружниот напаѓач Мијајло Марсениќ, и се извини на нацијата, и наместо најавуваната борба за олимписки квалификации, остана само жал за пропуштената шанса.
„Наместо турнир на генерацијата – разочарување на генерацијата. И се извинувам на цела Србија. Наместо бодот против Исланд да ни биде дополнителен елан, ние паднавме и бевме уште послаби. Не знам поради што…Немавме некој голем притисок. Ако некој мисли поинаку, тогаш тој не знае што е притисток. Преземам одговорност. Секој би требало да направи нешто, да се погледнеме во очи. Црна Гора се бореше сите три меча, заслужија победа. Се надеваме дека Унгарија ќе го победи Исланд, а не ја исполнивме ни првата цел. Жал ми е за Црна Гора што не се пласира во главна рунда, бидејќи заслужи повеќе од Исланд“, вели Марсениќ во изјавата за „Моцарт Спорт“.
Следен предизвик за Србија, многу веројатно со нов селектор ќе биде бараж двомечот за СП 2025 што ќе се игра во Данска, Норвешка и Хрватска.