Марсениќ: Ќе покажеме дека не сме селска екипа

Србија ја победи Германија со 30-27 и сега ќе ја има пол-позицијата во битката за главната рунда на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Капитенот на Србија, Мијајло Марсениќ вели дека ако се верува во себе, тогаш се е можно на теренот.

„Во моментите кога се враќавме во игра, а јас бев на клупата, момците одиграа неверојатно добро. Сите веруваа, се почувствува вербата во нас, човек не е свесен колку може кога верува во себе, Бог не награди. Сега мора сериозно да се подготвиме за меч против сериозна репрезентација каква што е Австрија. Јас како капитен сега одма во соблекувалната ќе кажам дека ништо се уште не сме направиле, да ја смирувам еуфоријата, мора да покажеме дека не сме некоја селска екипа, сакаме да останеме на турнирот и од утре ќе се спремаме за Австрија“, изјави Марсениќ.

Во последното коло Шпанија и Германија ќе играат меѓусебе, додека Србија ќе се соочи со Австрија.