Поранешниот ракометар на Вардар и освојувач на титулата во Лигата на шампионите, Марко Мишевски, по една сезона се врати во Македонија.
Откако си замина среде сезона од Курнон Доверњ и не ја доигра сезоната во Франција, повремениот репрезентативец беше без клуб.
Сега се враќа во акција и од ова лето би требало да го носи дресот на Пролет, кој составува тим што би се борел за место во плеј-офот во Супер лигата.
Мишевски потекнува од редовите на Вардар, играше за првиот и вториот тим, а има и две искуства во Франција – лани во Курнон и претходно во Гренобл.
Пролет ги договори десниот бек Кристијан Давитковски и кружниот напаѓач Марко Трајковски, а продолжени се соработките со Есад Дрпљанин и Никола Стоилевски, додека од клубот замина Стефан Атанасовски.