Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица што ќе бидат дел од претстојното младинско ЕП во Словенија.
Покрај младинската репрезентација, Македонија во Целје ќе биде претставувана и од делегатот Марјан Начевски.
Континенталниот собир што е прв во младинска конкуренција со 24 учесници, стартува утре со 12 натпревари.
Македонија е во групата А заедно со селекциите на Австрија, Црна Гора и Хрватска, а прв ривал ни се Црногорците утре од 12:00 часот.