Марјан Начевски е новиот лидер на делегатите и контролорите

Здруженето на ракометни делегати и контролори на Македонија има ново раководство кое во следните 4 години ќе се справува со предизвиците со кои досега се соочуваа, и ќе се обидат да придонесат за подобрување на условите.

Нов претседател на здружението е Марјан Начевски кој и досега беше дел од здружението, а зад себе има импресивна и долга кариера ако судија и како делегат. Тој го наследува Ацо Николовски кому му заврши мандатот, но ќе остане во раководните структури како дел од новиот УО.

Начевски е и меѓународен делегат кој покрај во ракомет во сала, исто така е и делегат на ракомет на песок, и тоа во ЕХФ и ИХФ.

Покрај Марјан Начевски кој ќе биде претседател, во УО има вкупно девет членови: Лери Мирчески (потпретседател), Кристијан Билимов (секретар), Ацо Николовски, Ѓорѓи Дучков, Игор Огненов, Славчо Каланоски, Љупчо Јаневски и Бобан Мајнов.