Марјан Начевски е делегат на најважниот натпревар од последното коло во ЛШ!

Покрај Карбеска и Илиева, односно Металари и Николовски, и делегатот Марјан Начевски ќе биде активен во 14 коло од Лигата на шампионите.

Европската ракометна федерација го делегираше Начевски на најважниот натпревар од последното коло на кој ќе биде решен последниот патник во осминафиналето.

Тој ќе биде делегат на средбата што ќе се игра утре во Подгорица меѓу Будуќност и романскиот Рапид Букурешт.

Црногорскиот тим само со победа ќе се пласира во групната фаза, додека Рапид Букурешт, каде што игра Сара Ристовска, може и со реми да се избори за ТОП 12.

Мечот меѓу Будуќност и Рапид е закажан за 23 февруари од 16:00 часот.