Некогашниот судија, а сега делегат Марјан Начевски, на Изборниот конгрес во Андау, доби функција во една од комисиите во Европската ракометна федерација.
Начевски ќе биде член на Комисијата за жалби на европската куќа на ракометот, во периодот од 2025 до 2029 година.
Претседател на Комисијата за жалби ќе биде Јоанис Каранасос од Грција, додека потпретседател ќе биде Николае Визитиу од Романија.
Покрај Начевски од Македонија, преостанатите пет членови се Илона Тордаи од Унгарија, Леван Гелашвили од Грузија, Домагој Граховац од Хрватска, Роберт Чаплицки од Полска и Зузана Фулеова од Словачка.