Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во женската Лига на шампиони.
Откако во првото коло, Македонија имаше два судиски парови кои ја делеа правдата, сега во втората рунда ќе имаме делегат.
Марјан Начевски ќе биде делегат на балканското дерби во најелитната конкуренција меѓу словенечкиот Крим и хрватската Подравка.
Натпреварот е закажан за 14 септември во салата „Тиволи“ во Љубљана од 14:00 часот, а судии се браќата Ковалчук од Молдавија.