Марија Петреска и наредната сезона ќе ги брани боите на Куманово

Раководството на Куманово работи на формирањето на играчкиот кадар за претстојната сезона во Женската лига.

Кружниот напаѓач Марија Петреска го продолжи договорот и следната сезона ќе биде дел од тимот на Славиша Димитријески.

Претходно Куманово ги обнови договорите со Јасна Трајковиќ, Мила Мемов, Ангела Шехтанска, Росана Павлова, Нена Нестороска и Никита Антевска, а се засили со средниот бек Маријана Азеведо и десниот бек Аманда Стеин, како и голманките Ана Марија Горговска и Симона Грујовска.

Кумановци останаа без Ана Михајловска која се пресели во Вардар и без Марија Јовановска која го засили шампионот Ѓорче Петров, a допрва ќе биде позната иднината на Сара Цветановска и Сузана Зечевиќ.