Македонската интернационалка Марија Николовска откако минатата сезона започна кариера надвор од Македонија, има старо-нов клуб.
25-годишната Николовска потпиша за грчкиот АЕК Атина, откако на стартот на оваа сезона беше дел од косовскиот тим Самадреџа.
Николовска, која може да настапува на сите бековски позиции, ланската сезона ја мина во редовите на АЕК Атина и со игрите кои ги демонстрираше беше една од подобрите во грчкиот клуб, па затоа се враќа на истото место.
На домашна сцена играше за Чаир, Вардар, Ѓорче Петров и Спартак, додека на репрезентативно ниво некоку пати учествуваше на подготовките во сениорската репрезентација.
Со екипите на Чаир три сезони по ред настапуваше во Европа, поточно во Европскиот Куп и беше една од најдобрите стрелци во нејзиниот поранешен клуб.