Македонската репрезентативка Марија Јанкуловска го засили тимот на Металург Автокоманда. Јанкуловска во јуни го заврши престојот во шампионот Ѓорче Петров, но се повреди на подготовките за Мундијалот за младинки и не настапи.
Битолчанката која беше избрана за најдобра млада ракометарка во изборот на 24Ракомет за минатата сезона, се најде на листата на желби на Јулијана Дамчевска, предводничката на амбициозниот состав на Металург Автокоманда.
Претходно Металург Автокоманда ја продолжи соработката со кружниот напаѓач Анастасија Трпеска, левиот бек Таида Беровиќ, левото крило Сара Миновска, средниот бек Исидора Котевска, голманката Амра Терзиќ, како и десното крило Марија Гугуљанова.
До овој момент клубот се засили со Јана Ѓошевска, Симона Грујовска, Стефани Ристиќ, Ивана Димоска, Софи Ѓошевска, Анастасија Величковска и сестрите Бојана и Борјана Коцеви.
Тимот од Автокоманда во дебитанската сезона во Женската лига го освои третото место и избори излез на европска сцена, во Европскиот Куп, а таму ќе се сретне со турскиот Гореле.