Маргели се разигра и му даде 14 гола на Радовиш

Тунижанецот Ашраф Маргели го покажа своите голгетерски способности, и на дуелот на Вардар во Радовиш постигна 14 гола за „црвено-црните“. Скопјани триумфираа со 29-16 (15-11) за втор триумф сезонава.

Домашните ракометари имаа свои минути, ама само на почетокот кога беа со 1-2 гола во негатива, за потоа да му дозволат на ривалот да направи и „плус 5„ и водство 14-9. Но, сепак повратникот во Суперлигата на одмор замина со негатива од четири гола, и многу надеж дека е „уште во игра“.

Она што Вардар не го направи во првиот дел, брзо стигна во вториот. Предноста отиде на 7-8 гола, и дилемите беа решени. Во последните десет минути Вардар имаше и „плус 10“.

За скопјани е добро што ги видоа голгетерските можности на десниот бек Ашраф Маргели, кој постигна 10 гол аод игра и уште 4 од пенал. Тој беше и најефикасен играч на теренот.
Кај домашните, Здравко Постолов даде 7 гола

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР33006
2ОХРИД33006
3АЛКАЛОИД33006
4ВАРДАР 196132014
5ПРИЛЕП31113
6БУТЕЛ31022
7СТРУГА31022
8БИСИНОВ Ф. Л.31022
9ПРОЛЕТ30212
10ТИКВЕШ 201420111
11КУМАНОВО20020
12РАДОВИШ30030