Иако дел од селекциите, меѓу кои и Македонија, одиграа неколку тест натпревари во првата фаза од подготовките пред СП, сепак многу повеќе ќе се играат во втората фаза.
Нашата репрезентација имаше три проверки против Србија, Нови Београд и Динамо Панчево, додека во Хрватска, покрај дуелот против домаќинот на СП на 8 јануари, следуваат уште две пресметки против Сесвете и Зеленортски Острови.
Првиот ривал на Македонија, Унгарија, ќе има две средби против Србија, додека Холандија ќе биде дел од „Жолтиот Куп“ во Швајцарија и ќе игра против домаќинот, Косово и Италија.
Покрај селекциите што настапуваат на Мундијалот, пријателски натпревари во овој репрезентативен термин ќе играат и Србија, Грузија, Црна Гора, Грција, Романија, Словачка…
СП стартува на 14 јануари, а Македонија првиот меч го игра на 15 јануари против Унгарија.