Мараш: Освоивме медал за инает на ЕХФ!

Хрватската репрезентација освои бронзен медал на Европското првенство, откако во натпреварот за третото место, избраниците на Дагур Сигурдсон го совладаа Исланд со 34:33.

Ова е втор медал по ред за Хрватска на големите натпреварувања. Минатата година „коцкестите“ го освоија среброто на Светското првенство.

По натпреварот, Матео Мараш без влакна на јазикот зборуваше за проблемите со организацијата на шампионатот. Хрватска беше единствената репрезентација која не беше сместена во Хернинг во завршницата, а дополнителен хендикеп беше и недостигот од ден одмор, поради лошо направениот распоред.

„Не можеше без драма. Оваа бронза е и за лошо организираното првенство и за организаторите. За инает на ЕХФ освоивме медал“, порача Мараш.