Машката репрезентација на Македонија утре ја очекува пријателски натпревар против селекцијата на Хрватска, еден од домаќините на СП 2025.
Десниот бек Матео Мараш кој одлично ја познава нашата репрезентација, бидејќи две сезони го носеше дресот на Еурофарм Пелистер, ги сподели очекувањата од натпреварот.
„Играв две години во Македонија, го познавам нивниот менталитет, познавам колку добри играчи имаат. Таму е ракометот спорт број еден, знам дека имаат голема традиција и ги знам нивните очекувања, така да очекувам добар натпревар“, изјави Мараш.
Пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Хрватска се игра во „Вараждин Арена“ со почеток во 20:15 часот.