Некогашниот хрватски репрезентативец Мануел Штрлек по три сезони ќе си замине од Нексе Нашице и ќе се врати во Загреб.
Според пишувањата на „Спортске Новости“, Штрлек ќе биде едно од новите засилувања за Загреб, кој сака да формира силен ростер за наредната сезона.
37-Годишниот Штрлек потекнува од Загреб, во кариерата ги носеше дресовите на великани од типот на Келце, Веспрем, Фуксе Берлин…а сега се враќа дома.
Претходно Загреб го продолжи договорот со Главаш, ги донесе голманот Кастелиц, Ќешко, Калараш, Николиќ…

























