Екипата на Загреб приреди голема изненадување во 2. коло од Лигата на шампионите, откако на свој терен триумфираше над Алборг со 31:23 запишувајќи ја првата сезонска победа во европската елита. Алборг на денешниот натпревар беше невидлив, посебно од бековските позиции,
Домаќините во првиот дел, во кој го имаа расположениот Матеј Мандиќ, кој во првото полувреме имаше девет интервенции, одигра одлично против европскиот првак и на пауза замина со резултатска предност од 13:9. Тренерот на Загреб, Андрија Николиќ, форсираше одбрана 6-0 и тоа даде резултат.
Алборг поведе само на стартот со 2:0, потоа на сцена настапија Дибиров и колегите кои немаа респект кон моќниот Алборг. Загреб во првиот дел константно водеше со три до четири гола разлика. Хрватскиот шампион во 40 минута имаше предност од 19:16, пет минути подоцна, односно во 45 минута, предноста на домашниот тим беше 20:17 и до крајот Алборг влезе во уште поголема криза, па така Загреб рутински го доврши натпреварот.
Најефикасни во Загреб беа Филип Главаш и ука Ловре Кларица со седум погодоци, шест запиша екс вардарецот Тимур Дибиров. Голманот Мандиќ имаше 13 одбрани.
Во групата А, во која се наоѓа и Еурофарм Пелистер, Висла Плоцк и Динамо Букурешт одиграа интересен натпревар, а на победа се радуваше романскиот шампион со 28:26 (12:11).
За Динамо Букурешт ова беше втора победа, додека Висла Плоцк го забележа вториот пораз во елитното натпреварување.