Српскиот репрезентативен десен бек Јовица Николиќ ова лето ја замени Војводина со тимот на Бурган од Кувајт.
Тој ќе им прави друштво на левиот бек Стипе Мандалиниќ и средниот бек Косуке Јасухира во кувајтскиот состав.
Николиќ доби понуда што не можеше да ја одбие и затоа се реши одново да стане печалбар, откако имаше непријатна епизода во германскиот Вецлар.
Таму практично и не заигра поради тешка повреда, а во Војдина минатата сезона одново се врати во старата форма пред да замине во Бундес лигата.