Манасков: Верувам во добар натпревар против Веспрем

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре патуваат за Унгарија, каде в четврток ќе се соочат со унгарскиот гигант Веспрем во рамки од 9. коло од Лигата на шампионите.

Домашниот тим во досегашниот тек од сезоната во европската лита оствари седум победи и на натпреварот против пелистерци ќе биде голем фаворит.

Левото крило Дејан Манасков, кој за првпат ќе се врати во Веспрем по неговото заминување пред две сезони, ги сподели очекувањата за овој дуел

„За мене ова е прво враќање по заминувањето од Веспрем и специјален натпревар за мене. Ќе биде тешко, но ние ќе се бориме и ќе се обидеме да им отежнеме на домаќините и ако се укаже прилика и да извлечеме позитивен резултат. Деновиве се спремаме специјално за Веспрем и верувам во добар натпревар. Шансите за пласман во осминафинале се тука, ќе се бориме за бодови на секој натпревар и добро е што сите опции зависат од нас”, изјави Манасков.

Натпреварот меѓу Веспрем и Еирофарм Пелистер се игра во „Веспрем Арена“ на 28 ноември со почеток во 18:45 часот.

Еурофарм Пелистер гостува во Веспрем, ЕХФ делегираше австриски арбитри