Манасков: Реми и победа на два тешки меча – тоа е добро, но мора да продолжиме во ист стил

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер славеше против Охрид со 25-22 и сега покрај Вардар, битолчани и „гладијаторите“, односно три екипи се на делбата на второто место со по 12 бода.

Левото крило Дејан Манасков вели дека е задоволен од тоа како екипата се снајде на два тешки натпревари во една недела.

„Некои 45 минути одигравме одличен натпревр, како во нападот, така и во одбраната. Она што беше добро против Спортинг, го донесовме и денеска, имавме добра енергија, потпомогнати од голманите. На крај малку се опуштивме, во една недела два тешки меча во една недела, но мислам дека е добро еден бод и една победа, одиме понатаму во ваков стил, тоа е единствениот пат по кој треба да одиме“, вели Манасков.

Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде дуелот со полскиот првак Висла Плоцк на 17 октомври, пред да се вратат на обврските во Супер лигата.